
Македонски | 55
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за брусилки
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина, бидејќи сечилото може да дојде во
контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под
напон“ може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
uКористете го електричниот алат само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
uСтавете го електричниот алат на делот што се
обработува само кога е вклучен и исклучете го
дури тогаш кога ќе го кренете од делот.
Електричниот алат може одеднаш да се придвижи.
uНикогаш не ја допирајте брусната лента што
работи. Постои опасност од повреда.
uНосете заштитни ракавици и никогаш не ја
допирајте брусната лента што работи. Постои
опасност од повреда.
uВнимавајте на тоа лицата да не се во опасност
поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите
материјали од близина. При брусење на материјали
постои опасност од искрите што летаат.
uНе користете изабени, скршени или силно
прицврстени брусни ленти. Оштетените брусни ленти
може да се скршат, исфрлат и да повредат некого.
uВнимание опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
uРедовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за брусење на суви
површини – со висок капацитет на отстранување – на
дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Дополнителна рачка (изолирана површина
на рачката)
(2) Брусна лента a)
(3) Затезен лост за брусна лента
(4) Вртливо копче за претходно бирање на
брзината на движење на лентата (PBS75AE)
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(6) Комплет кутија за прав (микро-филтер
систем)
(7) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(8) Рачка (изолирана површина на дршката)
(9) Адаптер за всисување
Bosch Power Tools 1 609 92A 4D7 | (18.02.2021)
Добавить комментарий