
148 | Македонски
uИзбегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на
пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои
зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
uНе ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни
услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот
од струен удар.
uНе постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го
користете кабелот за носење, влечење или исклучување од
струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од
оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
uПри работа со електричен алат на отворено, користете
продолжен кабел соодветен за надворешна употреба.
Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го
намалува ризикот од струен удар.
uАко мора да работите со електричен алат на влажно место,
користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD).
Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
uБидете внимателни, внимавајте како работите и работете
разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако
сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание додека работите со електричните алати може
да доведе до сериозна лична повреда.
uКористете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за
очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина,
безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши,
коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување
на лични повреди.
uСпречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот
е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на
батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на
електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е
вклучен, може да предизвика несреќа.
1 609 92A 8GH | (07.12.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий