
158 | Македонски
Битот за одвртувачот (1) ставете го директно во прифатот за алат (2).
Ексцентричен додаток/аголен додаток (види сликиC – F)
Напомена: Електричниот алат не е погоден за употреба со додатокот за
ножици за трева (1 600 A00 10D)!
Со ексцентричниот додаток (14) може да одвртувате по рабовите.
Со аголниот додаток (15) може да завртувате на тешко достапни места.
Монтажа (види сликиC – D)
За монтажа на додатоците, извлечете го гуменото капаче (3) нанапред.
На крај може да ги вметнете додатоците. Монтажата на додатоците е
возможна со поместување за 45°.
Демонтажа (види сликиE – F)
За демонтажа на додатоците, свртете го прстенот за отклучување (16)
во правец на вртење ➊ и извлечете го додатокот нанапред. Повторно
ставете го гуменото капаче (3).
Употреба
Ставање во употреба
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го
промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За завртување на завртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (5) до крај нанапред.
Лев тек: За олабавување одн. за одвртување на завртки притиснете го
прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) наназад.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Работното светло (9) при малку или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (8) овозможува осветлување на работното
поле при услови на слаба осветленост.
1 609 92A 8GH | (07.12.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий