
126 | Македонски
Монтирање на главата за дупчење (види сликаF)
Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за
дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од 30 – 35 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување правец на вртење (види сликиG – H)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (8) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (8) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (4) на ознаката
„Дупчење“.
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (4) на ознаката
„Ударно дупчење“.
Прекинувачот (4) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(6) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето за
фиксирање (5).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на бројот на вртежи/удари (не е за верзија
на уредот 3601B17103)
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи
(7) може да го изберете потребниот број на вртежи/
удари и за време на користењето на алатот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од
материјалот и работните услови и може да се одреди со
практична примена.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (4) на
ознаката „Дупчење“. Откако ќе ја продупчите плочката,
поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“
и работете со удари.
При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка
за цврст метал.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо
1 609 92A 8EH | (07.12.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий