
Македонски | 191
движење на точката на приклештување. Абразивните
дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
uЦврсто држење на електричниот алат и
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
uОбрнете посебно внимание при изработка на агли,
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
uНе закачувајте назабено сечило за пила. Овие
сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на
контрола.
uСекогаш вметнувајте го сечилото во материјалот во
истата насока од која острицата на сечилото
излегува од материјалот (а тоа е истата насока во
која ивериците се исфрлаат). Ако го вметнувате
алатот во погрешна насока, тоа може да предизвика
острицата на сечилото да излезе од делот што се
обработува, и да го повлече алатот во насока на делот
што се обработува.
uПри користење на ротирачки стругови, дискови за
сечење, сечила со голема брзина или
волфрамкарбид сечила, секогаш безбедно
прицврстувајте го делот што се обработува. Овие
дискови се заглавуваат ако жлебот незначително се
накоси и може да се приклештат. Ако одвоениот диск
се заглави, вообичаено се крши. Ако ротирачкиот
струг, сечилото со голема брзина или волфрамкарбид
сечилото се заглават, истите може да се одвојат од
жлебот и може да изгубите контрола врз алатот.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење
uКористете само видови на дискови коишто се
препорачуваат за вашиот електричен алат, за
препорачана употреба. На пример: не користете
диск за сечење за странично брусење. Абразивните
дискови за сечење се наменети за периферно
брусење, страничните сили што се применуваат на
овие дискови може да предизвикаат нивно
распарчување.
uЗа навојни абразивни конуси и клинови, користете
исклучиво неоштетени дискови за вретено, со
нерамни прирабници и со правилна величина и
должина. Соодветните вретена ќе го намалат ризикот
од кршење.
uНе го „притискајте“ дискот за сечење и не
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
закачување на дискот во засекот и можноста за
приклештување или кршење на дискот.
uНе ја ставајте вашата рака во линија, или зад
ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на
операцијата, се движи подалеку од вашата рака,
одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и
електричниот алат директно кон вас.
uКога дискот е приклештен, закачен, или кога го
прекинува сечењето заради некоја причина,
исклучете го алатот и држете го неподвижен
додека дискот целосно не запре. Никогаш не
настојувајте да го извадите дискот за сечење од
засекот додека се движи или може да дојде до
одбивање. Проверете и поправете го за да ја
елиминирате причината за приклештувањето или
закачување.
uНе започнувајте повторно со сечење во делот што
го обработувате. Почекајте додека дискот да
достигне целосна брзина и внимателно влезете
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате
електричниот алат во делот што го обработувате.
uПотпрете ги плочите или преголемиот дел што го
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате, покрај линијата на засекот
и покрај ивицата на делот што го обработувате на
двете страни на дискот.
uКористете дополнителни мерки за претпазливост
кога правите „џебен засек” во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Испакнат диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети коишто може да предизвикаат одбивање.
Дополнителни безбедносни напомени
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uЕлектричниот алат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6DN | (15.06.2021)
Добавить комментарий