
Македонски | 189
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
сетот на батерии од електричниот алат, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се
опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати. Проверете го
порамнувањето или прицврстување на подвижните
делови, спојот на деловите и сите други услови што
може негативно да влијаат врз функционирањето
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го
користите. Многу несреќи се предизвикани заради
несоодветно одржување на моќните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
uПолнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
uЕлектричните алати користете ги само со
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
uКога не го користите сетот на батерии, чувајте го
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
uПод непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за сите примени
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење, шмирглање, резбање или абразивно сечење
uОвој електричен алат е наменет да функционира
како алат за брусење, шмирглање, резбање или
сечење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и спецификации
приложени со овој електричен алат. Грешките
настанати како резултат на непридржување до сите
инструкции приложени подолу може да предизвикаат
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
uОперациите како на пр. жичано четкање или
полирање не се препорачува да се вршат со овој
електричен алат. Операциите за кои не е наменет
електричниот алат може да предизвикаат опасност и
лична повреда.
uНе користете дополнителна опрема која не е
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
uУтврдената брзина на дополнителната опрема за
брусење, мора да биде најмалку еднаква на
максималната брзина означена на електричниот
алат. Дополнителната опрема за брусење која работи
побрзо од утврдената брзина може да се скрши и да се
распрска насекаде.
uНадворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се контролира.
uГолемината на осовината на дисковите, брусниот
валјак или другата дополнителна опрема, мора
правилно да се вклопува во вретеното или
затезната чаура на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на
хардверот на електричниот алат не може да одржува
рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да
предизвика губење на контрола.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6DN | (15.06.2021)
Добавить комментарий