
Македонски | 157
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (10)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (9) и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи (10) во саканата
позиција додека не слушнете дека се вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи(10)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Подесување на правецот на вртење (види сликаI)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
uПрекинувачот за менување на правецот на
вртење(8) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
–Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (8) налево до крај.
–Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (8) кон десно до крај.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
– За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување(7) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за
фиксирање(6).
– За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(7). При
фиксиран прекинувач за вклучување/
исклучување(7), најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 13 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Vario-Lock“.
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Длетување“. Со тоа,
прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на
десен тек.
Длетување со функција за заклучување
За подолго време да длетувате без постојано да го
притискате прекинувачот за вклучување/исклучување
(7), заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување во начинот на работење „Длетување “.
– За фиксирање притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) до крај и притиснете
истовремено на копчето за фиксирање (6).
– За исклучување повторно притиснете на копчето за
фиксирање (6).
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
Совети при работењето
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Подесување на длабочината на дупчење (види слика
J)
Со граничникот за длабочина (13) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (11) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (12).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (13)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
Bosch Power Tools 1 609 92A 77R | (20.12.2021)
Добавить комментарий