
156 | Македонски
Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
дупчење
Ставање на алатот за вметнување (видисликаE)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
– Држете ја цврсто задната чаура (19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (18) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се вметне алатот.
Вметнете го алатот.
– Држете ја цврсто задната чаура на брзозатегнувачката
глава за дупчење (1), а предната чаура свртете ја
цврсто со рака во правец на стрелките на часовникот
додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата за
дупчење автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се
вклопува, а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се
затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/
вртежи (10) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување (видисликаF)
– Држете ја цврсто задната чаура(19) на
брзозатегнувачката глава за дупчење. Отворете го
прифатот за алат со вртење на предната чаура во
правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде
може да се извади алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Всисување на прав со Saugfix (опрема)
Монтирање на уред за всисување (видисликаG)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix
(опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад,
така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на
подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина(11) и извадете го граничникот за
длабочина(13). Одново притиснете го копчето(11) и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната
рачка(12).
– Приклучете едно црево за всисување (дијаметар
19mm, опрема) на отворот за всисување(20) на
Saugfix.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(видисликаH)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и
при монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus(3). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката(24) на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка(25) на Saugfix поставете ја во
држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на
површината за дупчење. Не ја туркајте водечката
цевка(25) над телескопската цевка(23) повеќе
одошто е потребно, доволно е да се гледа што е можно
поголем дел од скалата од телескопската цевка(23).
– Повторно затегнете ја пеперутка-завртката(24).
Олабавете ја завртката за затегнување(21) на
граничникот за длабочина на Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина(22) на
телескопската цевка(23), така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Прицврстете ја завртката за зацврстување(21) во
оваа позиција.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
1 609 92A 77R | (20.12.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий