
154 | Македонски
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка глава за дупчењеa)
(2) SDS plus глава за дупчење
(3) Прифат на алат SDS plus
(4) Капак за заштита од прав
(5) Чаура за заклучување
(6) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(7) Прекинувач за вклучување/исклучување
(8) Прекинувач за менување на правецот на
вртење
(9) Копче за отклучување за прекинувачот за
запирање на удари/вртежи
(10) Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(11) Копче за подесување на граничникот за
длабочина
(12) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(13) Граничник за длабочина
(14) Рачка (изолирана површина на рачката)
(15) Безбедносна завртка за запчестата глава за
дупчењеa)
(16) Запчеста глава за дупчењеa)
(17) SDS plus-вратило за прифат на главата за
дупчењеa)
(18) Предна чаура на брзозатегнувачка глава за
дупчењеa)
(19) Задна чаура на брзозатегнувачката глава за
дупчењеa)
(20) Отвор за всисување Saugfixa)
(21) Завртка за затегнување Saugfixa)
(22) Граничник за длабочина Saugfixa)
(23) Телескопска цевка Saugfixa)
(24) Пеперутка-завртка Saugfixa)
(25) Водечка цевка Saugfixa)
(26) Универзален држач со SDS plus-вратило за
прифатa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Чекани за дупчење GBH 220
Број на дел/артикл 3611BA60..
Номинална јачина W 720
Број на удари min–1 0–4800
Јачина на поединечен удар
согласно EPTA-Proce-
dure05:2016
J 2,0
Број на вртежи во празен
од min–1 0–2000
Прифат на алатот SDS-plus
Дијаметар на грлото на
вретеното mm 48,5
Макс. дијаметар на дупката
– БетонA) mm 22
– Челик mm 13
– Дрво mm 30
Тежина согласно EPTA-Pro-
cedure01:2014 kg 2,3
Класа на заштита / II
A) оптимални перформанси со дијаметар на дупката6−12mm
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 94dB(A);
ниво на звучна јачина 105dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841-2-6:
Ударно дупчење во бетон: ah=14,2 m/s2, K=1,5m/s2,
Длетување: ah=13,7 m/s2, K=1,5m/s2,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
1 609 92A 77R | (20.12.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий