Bosch GBH 2-23

Данная инструкция на русском языке предназначена для перфоратора Bosch GBH 2-23, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для перфоратора представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 79
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
uКористете го Вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (13).
uОсигурајте се дека дополнителната рачка е
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (13) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (13)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (13) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(13) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување (длетување само со
опрема MV200) потребен ви е SDSplus-алат, што ќе се
вметне во SDSplus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без
SDSplus (напр. бургија со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Монтирање запчеста глава за дупчење (види сликаB)
Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (22) во
запчестата глава за дупчење (21). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (21) со безбедносната
завртка (20). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење (види
сликаC)
Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека
самата не се заклучи.
Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење (21).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види
слика D)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
E)
Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
Вметнете запчеста глава за дупчење(21).
Со вртење отворете ја запчестата глава за
дупчење(21), додека не се отвори за да може да
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење(21) и затегнете го алатот.
Поставете го прекинувачот(5) на ознаката „Дупчење“.
Bosch Power Tools 1 609 92A 77Z | (24.01.2022)
Страницы: Стр: 50
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Перфораторы Bosch