
170 | Македонски
Монтажа/Демонтажа на сечилото (види слика
C)
Притснете го копчето за заклучување (12) и турнете го
капакот (5) наназад. Извадете го капакот (5) од
куќиштето.
Преклопете го сечилото (6)/(7) нагоре и потоа сечилото
(6)/(7) извадете го.
Поклопете ги дупчињата на сечилата (6)/(7) на
чворчињата и поклопете ги сечилата (6)/(7) надолу.
Затворете го капакот (5) повторно и на крај турнете го
нанапред додека не клакне.
Употреба
uВнимавајте капакот на УСБ-приклучокот (2) да е
затворен за време на употребата. На тој начин ќе
избегнете запушување.
uНе користете оштетено сечило (на пример со
пукнатини и сл.). Веднаш заменете го оштетеното
сечило.
Вклучување/исклучување (види слика D)
Притиснете го копчето за заклучување (4) и додека е
притиснато, притиснете го и прекинувачот (3).
Ослободете го копчето за заклучување (4).
Кога ќе го притиснете прекинувачот (3) ЛЕД индикаторот
свети зелено.
Приказ за наполнетост на батеријата
ЛЕД светло Капацитет
Индикаторот свети трајно зелено 33−100%
Индикаторот свети трајно
црвено, додека прекинувачот е
полупритиснат
0-33%
Режење грмушки (само со ножиците за
грмушки)
uЗабележете дека производот е исклучен при
отстранување на исечениот материјал или одржување.
Случајното вклучување може да доведе до тешки
повреди.
Пред работа прегледајте ја живата ограда да нема
некакви предмети, како на пример жица.
Можат да се сечат гранки до макс. 8 мм. Рамномерно
движете го уредот нанапред по површината за режење за
да ги фатите гранките со него. Двостраните сечила
овозможуваат косење во двете насоки или со цик-цак
движења.
После употреба, за пренесување поставете го штитникот
на сечилото.
Препорачана сезона на режење
Листопадни живи огради режете во фебруари и во јуни.
Иглести огради режете во април и септември.
Четинарите и другите брзорастечки огради режете ги во
април и јуни на 6 недели.
Сечење ивици (само со ножиците за трева)
Движете го електричниот апарат по должина на линијата
за сечење. Избегнувајте сечилото да дојде во контакт со
поплочени површини, камења или ѕидови на градината,
бидејќи тоа може значително да го намали животниот век
на сечилото.
После употреба, за пренесување поставете го штитникот
на сечилото.
Отстранување грешки
Проблем Можна причина Помош
Батеријата кратко
трае Батеријата се приближува кон крајот на својот
работен век Побарајте помош од сервис.
Индикаторот за
наполнетост на
батеријата свети
црвено и уредот не се
вклучува.
Температурата на батеријата е превисока Температурата на околината е превисока. Не
оставајте го уредот надвор додека врне.
Почекајте 10–15 минути да се олади
батеријата.
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
uОдржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра
и безбедна работа.
Не редете други предмети врз уредот.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти,
за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
на деца.
Не редете други предмети врз уредот.
F 016 L94 120 | (03.12.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий