
Македонски | 169
Полнач
Број на артикл
EU 2 609 120 713
UK 2 609 120 718
Струја за полнење A 1,0
Време на полнење (празна батерија) ч 3,5
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,03A)
Класа на заштита / II
A) во зависност од државата
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Тример за трева
Измерени вредности на бучава според EN50636-2-94.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70dB(A). Несигурност К=3dB.
Вкупните вредности на вибрациите ah (векторски збир на
три насоки) и несигурноста K дадени се во согласност со
EN50636-2-94:
ah < 2,5 m/s2, K = 1,5 m/s2,
Тример за жива ограда
Измерени вредности на бучава според EN 62841-4-2.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70dB(A). Несигурност К=3dB.
Вкупните вредности на вибрациите ah (векторски збир на
три насоки) и несигурноста K дадени се во согласност со
EN 62841-4-2:
ah < 2,5 m/s2, K = 1,5 m/s2,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Пуштање во погон
uКористете ги само полначите коишто се наведени
во Технички податоци. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија што се користи
за Вашиот уред.
Полнење на батеријата (види слика B)
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При
празна батерија производот е опремен со заштита од
вклучување: Машината повеќе не работи.
Напомена: Микро УСБ-отворот (11) за приклучок на
микро УСБ-кабелот (9) се наоѓа во рачката.
Ако батеријата мора да се наполни, индикаторот за
наполнетост (1) трепка зелено. Исклучете го уредот и
наполнете ја батеријата.
Поврзете го уредот со приложениот микро УСБ кабел (9)
со полначот (10). Приклучете го полначот (10) во
утикачот. Постапката на полнење започнува.
При полнењето се загрева рачката на уредот. Тоа е
нормално.
Индикаторот за наполнетост (1) свети црвено за време на
полнењето. Кога батеријата е наполнета, индикаторот за
наполнетост (1) се гасне.
Исклучете го полначот од струја кога полнењето е
завршено.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Bosch Power Tools F 016 L94 120 | (03.12.2020)
Добавить комментарий