
182 | Македонски
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи
или се исклучува електричниот уред. При намален број
на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го.
3-теLED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од −20 до +50°C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uДоколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
електричниот алат.
uДоколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Сечење со вдлабнување (види сликаL)
uСмеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (7) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (10) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (7) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)
За работење со паралелен граничник со кружен
отсекувач (27) (опрема) дебелината на делот што се
обработува треба да изнесува максимално 30mm.
Отстранете ја основата за CutControl (9) од основната
плоча (7). За тоа лесно склопете ја основата и извадете ја
од водилката (19).
Паралелно сечење (види сликаM): Олабавете ја
завртката за подесување (26) и вметнете ја скалата на
паралелниот граничник низ водилката (19) во основната
плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како
вредност на скалата на внатрешниот раб на основната
плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (26).
Кружно сечење (види сликаN): На линијата за сечење во
кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е
доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете
го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може
сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (26) на другата страна
од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од
паралелниот граничник низ водилката (19) во основната
плоча. Во средината на делот за обработка во отворот
што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го
врвот за центрирање (28) низ внатрешниот отвор на
паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете
го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб
на основната плоча. Зацврстете ја завртката за
фиксирање (26).
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го
исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот
алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна
површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
1 609 92A 846 | (04.08.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий