Bosch Easy Saw 18V-70

Данная инструкция на русском языке предназначена для лобзика Bosch Easy Saw 18V-70, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для лобзика представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
180 | Македонски
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види сликаA)
uИсчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (8).
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (10), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (12).
uПроверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види сликаB)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото
(10).
Депо за сечило за пила (опрема) (видисликаC)
Во депото за сечила за пила (16) можете да чувате до
шест сечила со должина до 110mm. Вметнете ги
сечилата за пила со сечило со еден заоблен дел
(T‑сечило) во процепот предвиден за нив во депото за
сечила за пила. Може да бидат поставени едно преку
друго до три сечила за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (7).
Лизгачка папуча (опрема) (видисликаD)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (17) на основната плоча (7),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (17) закачете ја
напред на основната плоча (7), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
При работење со лизгачката папуча не може да се
користи депото за сечила за пила(16) како и контролата
на линијата на сечењеCutControl.
Заштита од кинење (опрема) (видисликаE)
Заштитата од кинење (18) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (18) од долу на
основната плоча (7) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечењеCutControl
(опрема)
Контролата на линиите на сечење CutControl
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На CutControl припаѓаат контролниот прозорец (11) со
ознаките за сечење и основата (9) за прицврстување на
електричниот алат.
Прицврстување на CutControl на основната плоча
(види слика F)
Прицврстете го контролниот прозорец за CutControl
(11) во држачите на основата (9). Потоа лесно склопете
ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (19)
на основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (опрема) (видисликиGиH)
Монтирајте го заштитниот капак (8), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак(8) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат двата надворешни држачи во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (8) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав (видисликаI)
Вметнете го адаптерот за всисување(20) (опрема) на
црево за всисување(21) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(20) со млазниците за всисување(6) на
електричниот алат и цревото за всисување(21) со
всисувач (опрема).
1 609 92A 846 | (04.08.2022) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 54
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Лобзики Bosch