
Македонски | 181
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (18).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на аголот на закосување (види сликаJ)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (8) и заштитата од кинење (18) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Извадете ги заштитниот капак(8), заштитата од
кинење(18) и лизгачката папуча(17).
– Извадете го депото за сечило за пила(16) од
основната плоча(7).
– Олабавете ја завртката(23) и притиснете ја основната
плоча(7) лесно во правец на мерните млазници(6).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча(7) согласно скалата(22) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча(7) до крај во
правец на сечилото за пила(10).
– Повторно затегнете ја завртката(23).
Контрола на линијата на сечење кај сечење со
закосување (видисликаK)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (11) има ознака (24) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (25) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (22).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(11) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
Поместување на основната плоча (види сликаJ)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Извадете го депото за сечило за пила(16) од основната
плоча(7) одн. извадете ја лизгачката папуча(17).
Олабавете ја завртката (23) и притиснете ја основната
плоча (7) до крај во правец на мерните млазници (6).
Повторно затегнете го шрафот (23).
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат контролата на линиите на сечење CutControl со
основата (9), паралелниот граничник со кружен
отсекувач (27) (опрема) како и заштитата од кинење
(18).
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија(4) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (1). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (2) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Bosch Power Tools 1 609 92A 846 | (04.08.2022)
Добавить комментарий