
Македонски | 67
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
uНикогаш не го виткајте сечилото на пилата!
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Вметнете ја наполнетата батерија(5) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување (3) надесно или
налево. Потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување(4) и држете го притиснат.
Штом електричниот алат е вклучен, можете да ја
отпуштите блокадата при вклучување(3).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Контролирање на брзината на пилата
Брзината на пилата на вклучениот електричен алат
можете да ја регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Потребната брзина на пилата зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Се препорачува намалување на брзината на пилата при
поставување на сечилото за пила на алатот.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uДоколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
електричниот алат.
uПри обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
uПри сечење внимавајте на правецот на сечење од
напред наназад (види сликаC) или од горе надолу
(види сликаD)!
uНе носете го електричниот алат на рачниот зглоб.
Јамката за закачување е наменета само за
складирање(видисликаF).
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето. Дополнителниот
притисок ја зголемува јачината.
Доколку се заглави сечилото за пилата, веднаш
исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот
што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и
извлечете го електричниот алат.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
надминување на дозволената температура на батеријата
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не
се врати во оптималните граници на температура.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
uЧистете го сечилото за пила и прифатот за сечило
за пила само кога е сув. За да отстраните длабоко
навлезена нечистотија, употребете мека четка
(видисликаG).
Сечилото за пила не мора да се одржува. Ланецот на
сечилото за пила не мора да се подмачкува.
Чистете го прифатот за сечило за пила(12) редовно.
За го исчистите, извадете го сечилото за пила од
електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат
на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6ZZ | (28.07.2021)
Добавить комментарий