
Македонски | 65
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет само за домашна употреба.
Тој е наменет за сечење на гранки, летви, тврдо и меко
дрво. Тој е погоден за прави резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Сечило за пила
(2) Основна плоча
(3) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Батерија
(6) Копче за отклучување на батеријата
(7) Јамка за закачување
(8) Приказ за наполнетост на батеријата
(9) Капак за прифатот на сечилото за пила
(10) Лост за заклучување на капакот за прифатот на
сечилото за пила
(11) Рачка (изолирана површина на дршката)
(12) Прифат на сечило за пила
Технички податоци
Сенаменска пила EasyCut12
Број на дел 3603CC90..
Номинален напон V= 12
макс. длабочина на резот mm 65
Тежина согласно
EPTA‑Procedure01:2014 kg 0,90A)
Препорачана околна темпе-
ратура при полнење °C 0…+35
Дозволена околна темпера-
тура при работењеB) и при
складирање
°C −20…+50
Препорачани акуму-
латорски батерии PBA12V…
Сенаменска пила EasyCut12
Препорачани полначи GAL12…
A) во зависност од употребената батерија
B) ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841‑2‑11.
Нивото на звучниот притисок на електричниот алат
оценето со А типично изнесува75dB(A). Несигурност
K=5dB. Нивото на звучниот притисок при работењето
може да ги надмине дадените вредности. Носете
заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841‑2‑11:
Сечење на шперплоча со сечило за пилаNanoBlade
Wood Speed65:
ah,B<2,5m/s2, K=1,5m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6ZZ | (28.07.2021)
Добавить комментарий