
66 | Македонски
Полнење на батеријата (види сликаB)
uКористете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
uПо автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (5) притиснете на копчињата
за отклучување (6) и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата(8) при половично
или целосно притиснат прекинувач за вклучување/
исклучување(4) за неколку секунди ја прикажува
наполнетоста на батеријата и има зелени LED светилки.
LED светилки Капацитет
Трајно зелено светло ≥ 30%
Трајно црвено светло < 30%
Трепкаво црвено светлоA) 0%
A) Приказот за наполнетост на батеријата исто така свети
црвено, ако батеријата е прегреана или преоптоварена.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
uПри ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
uПри промена на сечилото за пила внимавајте на
тоа, да не го држите електричниот алат во делот кај
или на прекинувачот за вклучување/исклучување и
кај блокадата при вклучување. При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
uИзбегнувајте контакт со кожата, доколку сакате да
замените сечило за пила и користете неоштетени
заштитни ракавици. Сечилото за пилата при подолго
работење може да се вжешти.
uНе го затегнувајте ланецот и не го извлекувајте од
водечката единица.
Секогаш заменувајте целосно сечило за пила со друго.
Само ланецот не смее да се менува.
Бирање на сечилото за пила
Користете само сечила за пила што се соодветни за материјалот што се обработува. Сечилото за пила не треба да биде
подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
Сечило за пила Длабочина на резот Број за нарачка Материјали
NanoBlade Wood Basic 50mm 2 609 256 D83 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
NanoBlade Wood Speed 50mm 2 609 256 D84 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
NanoBlade Wood Speed 65mm 2 609 256 D86 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
Вметнување на сечилото за пила (видисликаA)
uВметнувајте само чисти сечила за пила. Внимавајте
исто така на прифатот за сечило за пила да нема
струготини.
Со лостот за заклучување(10) отворете го капакот(9) на
прифатот за сечило за пила. Вметнете го сечилото за
пила како што е прикажано на сликата. Внимавајте на тоа,
погонското вратило и крајот на сечилото за пила да
вклопат во жлебовите на прифатот за сечило за
пила(12). Затворете го капакот на лостот за заклучување
и заклучете го со лостот за заклучување. Ќе слушнете
како се вклопува лостот за заклучување.
Ланецот на сечилото за пила автоматски се затегнува.
Ако ланецот почне да се лизга или да се олабавува од
водечката единица, отворете го и затворете го
капакот(9) на прифатот за сечило за пила.
Вадење на сечилото за пила
Отворете го лостот за заклучување(10) и целосно
отворете го капакот(9) на прифатот за сечило за пила.
Извадете го сечилото за пила.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
1 609 92A 6ZZ | (28.07.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий