
70 | Македонски
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (1) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Контролирање/бирање на бројот на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување(1). Со нежно притискање на прекинувачот
за вклучување/исклучување(1) се постигнува мал број
на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
AdvancedCut50: Со вртливото копче за избирање на
бројот на вртежи(2) можете да го изберете потребниот
број на вртежи.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на вртежи при
поставување на сечилото за пила на алатот.
При подолготрајно работење со мал број на вртежи,
електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го
сечилото за пила и оставете го електричниот алат да
работи околу 3min со максимален број на вртежи.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uДоколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
електричниот алат.
uПри обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето. Дополнителниот
притисок ја зголемува јачината.
Сечење со шина водилка (видисликаE−F)
(AdvancedCut50)
Со шината водилка ќе ја проширите основната плоча и ќе
ја зголемите контактната површина.
Со помош на шината водилка(24) може да правите
праволиниски резови.
За работа со шината водилка(24) морате да го монтирате
адаптерот за шините водилки(22). Вметнете го
адаптерот за шините водилки од десно или лево низ
четирите отвори во основната плоча(3). Блокирајте го со
лостот за заклучување(23).
Шината водилка не смее да биде издадена од
страната на делот што треба да се сече.
Поставете ја пилата со монтиран адаптер за шините
водилки(22) на шината водилка(24). Вклучете го
електричниот алат водете го рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење.
Со кратката страна наBosch пластичната шина водилка
(2609255732) можни се засеци под агол од 45°.
Сечење со вдлабнување (видисликаG)
uСмее да се обработува само дрво со сечење со
вдлабнување!
Сечењата со вдлабнување се можни само со агол на
закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со задниот раб на
основната плоча(3) на делот што се обработува, без
сечилото за пила(8) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на вртежи, поставете го максималниот
број на вртежи. Притиснете го електричниот алат на
делот што се обработува и оставете го сечилото за пила
полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча(3) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење нанапред по должина на линијата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
uЧистете го сечилото за пила и прифатот за сечило
за пила само кога е сув. За да отстраните длабоко
навлезена нечистотија, употребете мека четка
(видисликаH).
Сечилото за пила не мора да се одржува. Ланецот на
сечилото за пила не мора да се подмачкува.
Чистете го прифатот за сечило за пила(16) редовно.
За го исчистите, извадете го сечилото за пила од
електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат
на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
uПри екстремни услови на примена, доколку е
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
1 609 92A 660 | (25.11.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий