
Македонски | 143
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
uПри работа на електричниот алат постојано
внимавајте на стабилно стоење, особено при
користење на скали. Лизгава подлога или нестабилни
површини може да доведат до загуба на балансот и
контролата над електричниот уред.
uЛанецот на сечилото за пила може да се скине при
прекумерно затегнување. Во овој случај, заменете
го електричниот алат одн. сечилото за пила.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет само за домашна употреба.
Тој е наменет за сечење на гранки, летви, тврдо и меко
дрво. Тој е погоден за прави резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Сечило за пила
(2) Основна плоча
(3) Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Копче за отворање на батеријата
(6) Акумулаторска батерија
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Капак за прифатот на сечилото за пила
(9) Лост за заклучување на капакот за прифатот на
сечилото за пила
(10) Клин за расцепување
(11) Рачка (изолирана површина на рачката)
(12) Јамка за закачување
(13) Прифат на сечило за пила
Технички податоци
Сенаменска пила AdvancedCut 18
Број на дел 3603CD51..
Номинален напон V= 18
Број на вртежи во празен
од n0A) min−1 0−7000
Макс. длабочина на резот mm 65
Тежина согласно
EPTA‑Procedure01:2014 kg 1,1−1,4A)
Препорачана околна
температура при полнење °C 0…+35
Дозволена околна темпе-
ратура при работењеB) и
при складирање
°C −20…+50
Препорачани
акумулаторски батерии PBA18V…W-.
Препорачани полначиC) AL 18…
A) во зависност од употребената батерија
B) Ограничена јачина при температури <0 °C.
C) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија:
AL1814CV, AL1820CV, AL1860CV
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841‑2‑11.
Нивото на звучниот притисок на електричниот алат
оценето со А типично изнесува75dB(A). Несигурност
K=5dB. Нивото на звучниот притисок при работењето
може да ги надмине дадените вредности. Носете
заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841‑2‑11:
Сечење на шперплоча со сечило за пилаNanoBlade
Wood Speed65:
ah,B=2,5m/s2, K=1,5m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
Bosch Power Tools 1 609 92A 844 | (21.07.2022)
Добавить комментарий