
84 | Македонски
1 609 92A 4E3 | (13.08.2018) Bosch Power Tools
(7) Цевка за продолжување
(8) Млазница за фуги
(9) Четка
(10) Држач за млазницата за фуги/четката
(11) Подна млазница
(12) Копче за отклучување на батеријаA)
(13) флексибилна цевка за продолжување A)
(14) Филтер за груба нечистотија
(15) Прачка на куќиштето на филтерот за груба
нечистотија
(16) Филтер за финa прав
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски всисувач за
суви материјали UniversalVac 18
Број на дел/артикл 3 603 CB9 1..
Волумен на садот (бруто) l 0,5
макс. потпритисок
(турбина) kPa 8,8
макс. количина на проток
(турбина) m3/min 1,7
Тежина согласно EPTA-
Procedure01:2014 kg 1,3
дозволена околна температура
– при полнење °C 0...+45
– при работењеA) и при
складирање °C –20...+50
Препорачани батерии PBA 18V....V-.
PBA 18V....W-.
Препорачани полначи AL 22.. CV
AL 18.. CV
A) ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Монтажа
Полнење на батеријата
uКористете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија што се користи
за Вашиот всисувач.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
батеријата е испразнета, батерискиот всисувач се
исклучува со заштитен прекинувач.
За да се наполни батеријата мора да се извади од
всисувачот.
uПо автоматското исклучување на всисувачот не го
притискајте повторно копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува долг
животен век на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (3) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (2) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED-светилки.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3 x зелено ≥ 66%
Трајно светло 2 x зелено 33 – 66%
Трајно светло 1 x зелено 11 – 33%
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10%
Ставање и вадење на батеријата
uНе употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во всисувачот.
– Вметнете ја наполнетата батерија (4) во всисувачот,
додека не се вклопи и не се блокира безбедно.
– За вадење на батеријата (4) притиснете го копчето за
отклучување(12) на батеријата и извлечете ја како
што е прикажано на всисувачот (види слика A).
Притоа не употребувајте сила.
Монтирање на опремата за всисување (види
слика B)
uИзвадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Опремата за всисување може да се спои директно со
контејнерот за прав(6).
Можностите за комбинирање на различните делови
опрема за всисувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за всисувачот
цврсто во приклучокот на контејнерот за прав(6) и
еден во друг.
Добавить комментарий