
200 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување,складирање и пренос (види слика
K и L)
uИзвадете ја батеријата од машината пред да
работите на неа (на пр. редовно одржување,
замена на делови и сл.), како и пред транспорт и
складирање. Постои ризик од повреда ако ненамерно
се активира прекинувачот за вклучување /
исклучување со копчето за заклучување.
Не оставајте го безжичниот телескопски тример за жива
ограда да виси во грмушка кога одморате од работењето.
Исчистете го производот со мека и сува крпа.
Не вршете никакви промени на уредот. Промените можат
да доведат до повреди.
Одржување на ножевите
Подмачкајте го ножот за сечење со препорачаниот спреј
за подмачкување на Бош пред и по секоја употреба.
Складирање и транспорт
За складирање и транспорт, извадете ја батеријата од
безжичниот телескопски тример за жива ограда и
поставете го заштитникот на ножот.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура
од –20 °C − 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример
во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, електричните алати што се
вон употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
F 016 L94 469 | (12.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий