Bosch Universal Circ 12

Данная инструкция на русском языке предназначена для пилы Bosch Universal Circ 12, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для пилы представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
188 | Македонски
Ставање/менување на сечилото за кружната
пила
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uПри ставањето на сечилото за пила носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
uВо никој случај не користете дискови за брусење
како алат за вметнување.
uКористете само листови на пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN847-1 и се соодветно означени.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и
држете го притиснато.
uКопчето за блокирање на вретеното (6) активирајте
го само доколку вретеното на пилата е во состојба
на мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) одвртете ја
затезната завртка (26) во правец на вртење .
Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(20) и држете го цврсто.
Извадете ја стезната прирабница (25) и сечилото за
пилата (24) од вретеното на пилата (21).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
Исчистете го сечилото за пила (24) и сите стезни
делови што се монтираат.
Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(20) и држете го цврсто.
Поставете го сечилото за пила (24) на приклучната
прирабница (23). Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитниот капак (20).
Поставете ја стезната прирабница (25) и затегнете ја
затезната завртка (26) во правец на вртење .
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (23) и стезната прирабница
(25).
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (6) и
држете го притиснато.
Со клуч со внатрешна шестаголна глава (5) затегнете
ја стезната завртка (26) во правец на вртење .
Затезниот момент треба да изнесува 6–9Nm, што
одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
За да постигнете висок степен на всисување на прав,
користете соодветен всисувач заедно со овој
електричен алат.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптер за всисување (види слика B)
Прицврстете го адаптерот за всисување (30) со завртката
за прицврстување (29) на основната плоча (7).
На адаптерот за всисување (30) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm.
uАдаптерот за всисување не смее да се монтира без
приклучено надворешно всисување. Инаку каналот
за всисување може да се запуши.
uНа адаптерот за всисување не смее да се приклучи
ниту вреќа ниту кутија за прав. Инаку системот за
всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (30) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (31) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
1 609 92A 4L6 | (24.02.2021) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 56
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Пилы Bosch