
96 | Македонски
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (видисликаC)
Всисувачот за прав(18) е наменет само за работење со
основна брусна плоча(10), не може да се комбинира со
други алати за вметнување.
При брусењето секогаш приклучувајте го всисувачот за
прав.
За да го монтирате всисувачот за прав(18) (опрема)
извадете ги алатот за вметнување и граничникот за
длабочина(12).
Вметнете го всисувачот за прав(18) до крај преку
прифатот за алат(8) на затезното грло на електричниот
алат. Свртете го всисувачот за прав во посакуваната
позиција (не директно под електричниот алат).
Притиснете го затегнувачкиот лост(19), за да се фиксира
всисувачот за прав.
Вметнете го адаптерот за всисување(16) (опрема) на
црево за всисување(15) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(16) со млазниците за всисување(17) и
цревото за всисување(15) со всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I“.
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
180°-светлосната лента(7) ја подобрува видливоста во
непосредното работно место. Таа се вклучува и
исклучува автоматски со електричниот алат.
uНе гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации(4)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на работењето на алатот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
При сечење, разделување и брусење на поцврсти
материјали како на пр. дрво или метал се препорачува
степен за број на осцилации „6“, а за меки материјали
како на пр. пластика степен на број на осцилации „4“.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација(3)
на електричниот алат за време на работата, инаку се
намалува животниот век на електричниот алат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување
осцилира до 20000пати во минута за 2,8°. Ова
овозможува прецизно работење на тесен простор.
Работење со мал или еднаков притисок,
инаку работењето ќе се влоши и алатот
што се вметнува може да се блокира.
За време на работата движете го
електричниот алат напред-назад, за да
не се загрее премногу алатот што се
вметнува и да не се блокира.
Сечење
uКористете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
uПри сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
uСмеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво,
шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на
нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл.
1 609 92A 67U | (04.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий