
86 | Македонски
uРедовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
uПри менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
uНе стругајте навлажнети материјали (на пр. тапети)
и не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на
вода во електричниот алат го зголемува ризикот од
електричен удар.
uПовршината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни испарувања.
uБидете особено внимателни при користењето на
стругачот и секачот. Алатките се многу остри, постои
опасност од повреда.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и разделување на
дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. клинци, хефт иглици).
Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни плочки
како и за суво брусење и стругање на мали површини. Тој
особено е погоден за работење близу рабови и на рамни
површини.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) AutoClic-лост за деблокирање на алатот
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(4) Отвори за вентилација
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Навртка за дополнителната дршка
(7) Прифат на алатот
(8) Лист за сечење со вдлабнувањеa)
(9) Брусна плочаa)
(10) Брусен листa)
(11) Граничник за длабочинаa)
(12) Сегментен лист за пилаa)
(13) Црево за издувни гасовиa)
(14) Адаптер за всисувањеa)
(15) Млазници за всисувањеa)
(16) Всисувач за правa)
(17) Затегнувачка рачка за всисувачот за правa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Мултифункционален алат PMF 250 CES
Број на дел/артикл 3603A021..
Претходен избор на бројот
на осцилации ●
Константна електроника ●
Фин старт ●
Прифат за алат AutoClic ●
Номинална јачина W 250
Излезна моќност W 130
Број на вртежи во празен
од n0
min−1 15000–20000
Агол на осцилација лево/
десно ° 1,4
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,2
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841‑2‑4.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 84dB(A);
ниво на звучна јачина 95dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
1 609 92A 676 | (02.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий