
66 | Македонски
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
uЕлектричниот алат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
избраниот број на осцилации и притисокот на
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на осцилации и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на
степенот на број на осцилации може да го намалите
бројот на осцилации на брусниот диск, при што се
задржува ексцентричното движење.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте
електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ
делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот алат.
Полирање
За полирање на лакови оштетени од времето или
полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло)
електричниот алат може да се опреми со соодветните
алати за полирање како јагнешко крзно за полирање,
филц или сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете низок број на осцилации
(степен 1−2, за да избегнете прекумерно загревање на
површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на
помала површина. Средството за полирање нанесете го
со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни
движења и масивен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на
површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш
не ја изложувајте исполираната површина на директно
сончево зрачење.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да
обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги
алатите за полирање со нежно средство за перење и
топла вода, не користете средства за разредување.
Табела на примена
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Најдобрата комбинација за обработка може да ја
одредите со практичен обид.
Примена Гранулација
(грубо брусење / фино брусење) Степен на број на осцилации
Стругање на лакирани површини 180/240 2/3
Репарирање на лакирани површини 120/240 4/5
Отстранување на лакот 40/60 5
Меко дрво 40/240 5/6
Цврсто дрво 60/240 5/6
Фурнир 180/240 2–4
Алуминиум 80/240 4/5
Челик 40/240 5
Отстранување на 'рѓата од челикот 40/120 6
не'рѓосувачки челик 80/240 5
Камен 80/240 5/6
1 609 92A 690 | (03.03.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий