
Македонски | 63
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за брусилки
uКористете го електричниот алат само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
uВнимавајте на тоа лицата да не се во опасност
поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите
материјали од близина. При брусење на материјали
постои опасност од искрите што летаат.
uВнимание опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
uРедовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво,
пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
површини.
Електричните алати со електронска контрола исто така се
погодни за полирање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Комплет кутија за прав (микро-филтер систем)
(4) Брусен диск
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Сечило за пилаa)
(7) Помош за подесување за брусен листa)
(8) Завртки за брусниот диск
(9) Носач за брусниот диск
(10) Млазници за издувување
(11) Филтер (микро-филтер систем)
(12) Црево за издувни гасовиa)
(13) Адаптер за всисувањеa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Ексцентрична брусилка PEX 300 AE
Број на дел 3603CA3...
Претходен избор на бројот
на осцилации ●
Номинална јачина W 270
Број на вртежи во празен
од n0
min−1 2000–12000
Број на осцилации во
празен од min−1 4000–24000
Дијаметар на
осцилаторниот круг mm 4
Дијаметар на брусниот диск mm 125
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,5
Класа на заштита /II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-4.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А
типично изнесува: ниво на звучен притисок85dB(A);
ниво на звучна јачина96dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-4:
Bosch Power Tools 1 609 92A 690 | (03.03.2021)
Добавить комментарий