
56 | Македонски
(10) Млазници за издувување
(11) Затезен лост за кутијата за прав
(12) Филтер (микро-филтер систем)
(13) Завртка за подесување на текот на лентата
(14) Заштитно капаче
(15) Всисување на прав
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Брусилка со подвижна лента PBS 75 A PBS 75 AE
Број на дел 3 603 BA1 0.. 3 603 BA1 1..
Номинална јачина W 710 750
Брзина на лентата во празен од m/min 350 200–350
Должина на брусната лента mm 533 533
Ширина на брусната лента mm 75 75
Претходно бирање на брзината на движење
на лентата – ●
Приклучок за сопствен/надворешен
всисувач ● ●
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 3,4 3,5
Класа на заштита / II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841‑2‑4.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок93dB(A);
ниво на звучна јачина104dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841‑2‑4:
ah=3,5m/s2, K=1,5m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
1 609 92A 4D7 | (18.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий