
218 | Македонски
Заштитен капак за брусење
Ставете го заштитниот капак
(7) на прифатот од
електричниот алат, додека
кодираните запци на
заштитниот капак не се
поклопат со прифатот.
Притоа, притиснете го и
држете го лостот за
отклучување (1).
Притиснете го заштитниот
капак (7) на грлото на
вретеното додека венецот
на заштитниот капак не
легне на прирабницата на
електричниот алат и вртете
го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба (7) според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го
заштитниот капак (7) во саканата позиција.
uСекогаш поставувајте го заштитниот капак(7) така
што двата запци на лостот за отклучување(1) во
соодветните отвори на заштитниот капак(7) ќе
влезат.
uПоставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
uЗаштитниот капак (7) смее да се врти само со
притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку,
електричниот алат не смее да се користи и мора да
се предаде на сервисната служба.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (7)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
uПри сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(9).
uПри сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (9) се монтира како
заштитна хауба за брусење (7).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (18) се
монтира како заштитна хауба за брусење (7).
Дополнителна рачка
uКористете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (6).
Навртете ја дополнителната рачка(6) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите овозможува
работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
uВо никој случај не ја менувајте дополнителната
рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.
Заштита за дланките
uПри работење со лончеста/плочеста четка (15) или
со дијамантска крунеста бургија (20) секогаш
користете ја заштитата за рацете (14).
Зацврстете ја заштитата за рацете (14) со
дополнителната рачка (6).
Монтирање и демонтирање на брусни алати
Внимавајте на посебните напомени за
монтирање кај алатите за вметнување X-
LOCK.
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
uКористете само оригинални X-LOCK-алати за
вметнување што го имаат логото X-LOCK. Само со
оригинални X-LOCK-алати за вметнување се гарантира
дека ќе се одржи дебелината на стегање од макс.
1,6mm. Поголема дебелина на стегање може да
доведе до небезбедно стегање, по што може да се
олабави стегата.
uЗа X-LOCK-алатите за вметнување не требаат стезна и
потпорна прирабница.
uВнимавајте на тоа да не се деформираат алатот што се
вметнува и прифатот и да нема нечистоти и други
честички на нив.
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Проверете дали двете X-LOCK-резиња за вклопување се
отворени (види следна слика), пред да се монтира X-
LOCK-алатот за вметнување.
Ев. исчистете го делот меѓу двете X-LOCK-резиња за
вклопување.
Монтирање на алатот за брусење
Поставете ја брусната плоча/брусната плоча за
сечење/ламелестата брусна плоча центрирано и
паралелно со површина на налегнување и со точната
страна нагоре на X-LOCK-прифатот.
Притиснете ја подлошката во правец на прифатот.
Се слуша кога подлошка ќе се вклопи. Притоа не ја
притискајте рачката (3).
1 609 92A 6KC | (21.05.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий