
Македонски | 217
(18) Хауба за всисување за сечење со лизгачки
водилкиa)
(19) Дијамантски диск за сечењеa)
(20) X-LOCK-дијамантска крунеста бургијаa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Аголна брусилка GWX 9-115 GWX 9-115 S GWX 9-125 S GWX 9-125
Број на дел 3601GB10.. 3601GB10.. 3601GB20.. 3601GB20..
Номинална јачина W 900 900 900 900
Излезна моќност W 450 450 450 450
Номинален број на вртежи min–1 11000 11000 11000 11000
Подрачје на подесување на
бројот на вртежи min–1 11000 2800–11000 2800–11000 11000
макс. дијаметар на брусната
плоча mm 115 115 125 125
Претходно избирање на број на
вртежи – ● ● –
Заштита од рестартирање – ● ● –
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014
– со дополнителна рачка за
придушување на вибрациите kg 2,1 2,1 2,1 2,1
– со стандардна дополнителна
рачка kg 2,0 2,0 2,0 2,0
Класа на заштита / II / II / II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: 93 dB(A); ниво на звучна јачина 104
dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN60745-2-3:
Брусење на површини (груба обработка):
ah=6,5 m/s2, K=1,5 m/s2,
Брусење со брусен лист:
ah=6,0 m/s2, K=1,5 m/s2.
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6KC | (21.05.2021)
Добавить комментарий