
Македонски | 247
Брусната плоча/брусната плоча за сечење/
ламелестата брусна плоча може да се извади.
Лончести/плочести четки и влакнести дискови
uПри работење со лончеста/плочеста четка или
влакнест диск секогаш монтирајте ја заштитата за
рацете (14).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За демонтажа отворете ја рачката (3) и извадете го алатот
за вметнување.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min-1] одн. периферната
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн.
периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
макс. [mm] [mm]
D b d [min-1] [m/s]
125
150
7
7
22,2
22,2
11500
9300
80
80
125
150
–
–
–
–
11500
9300
80
80
75 30 – 11500 45
82 – – 11500 80
Вртење на погонската глава
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Погонската глава може да
ја вртите со чекори од 90°.
Притоа, прекинувачот за
вклучување/исклучување
за специјалните случаи на
работа може да се постави
во поповолна позиција за
ракување, на пр. за
левораки лица.
Целосно одвртете ги 4-те
завртки. Внимателно навалете ја погонската глава и без
да ја извадите од куќиштето ставете ја во новата
позиција. Повторно навртете ги 4-те завртки.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Bosch Power Tools 1 609 92A 5WK | (25.08.2020)
Добавить комментарий