
Македонски | 241
Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на вртливото копче
за подесување
Метал Отстранување на боја Брусен лист 2−3
Метал Четкање, вадење 'рѓа Лончести четки, лист за
брусење 3
Метал, камен Брусење Брусна плоча 4−6
Метал Грубо брусење Брусна плоча 6
Метал Сечење Брусна плоча за сечење 6
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
uУтврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uВнимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика “.
uЗатегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
uНе го оптоварувајте многу електричниот алат,
додека не дојде во состојба на мирување.
uПо силното оптоварување, оставете го
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
uЕлектричниот алат не го користете со држач за
сечење.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Грубо брусење
uНикогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
uПри сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(14).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Сечење на камен
uПри сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
uНосете маска за заштита од прав.
uЕлектричниот алат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно
укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6KK | (07.06.2021)
Добавить комментарий