
Македонски | 223
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
Поставете го заштитниот
капак (7) на грлото на
вретеното. Подесете ја
позицијата на заштитниот
капак (7) според потребите
на работниот процес.
Фиксирајте го заштитниот
капак (7) така што ќе ја
затегнете завртката за
фиксирање (6) со клуч со
внатрешна шестаголна
глава (3).
uПоставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (7)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
uПри сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(8).
uПри сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (8) се монтира како
заштитна хауба за брусење (7).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (22) се
монтира како заштитна хауба за брусење (7).
Дополнителна рачка
uКористете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (5).
Навртете ја дополнителната рачка(5) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна рачка за придушување на вибрациите
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите овозможува
работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
uВо никој случај не ја менувајте дополнителната
рачка.
Не ја користете оштетената дополнителна рачка.
Заштита за дланките
uЗа работење со гумен диск за брусење (18)или со
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(17).
Зацврстете ја заштитата за рацете (17) со
дополнителната рачка (5).
Монтирање на брусни алати
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (16) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
uПритиснете го копчето за блокирање на вретеното
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење
завртете ја затезната навртка(12) и затегнете ја со клуч
со два отвора (види „ Брзозатезна навртка
“, Страница224).
uПо монтажата на алатот за брусење, пред
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6KJ | (28.05.2021)
Добавить комментарий