
Македонски | 221
повторно во засекот. Дискот може да се навали,
придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат
во делот што го обработувате.
uПотпрете ги плочите или преголемиот дел што го
обработувате за да го намалите ризикот од
приклештување и одбивање на дискот. Големите
делови што ги обработувате се искривуваат под
својата тежина. Потпирачите мора да се стават под
делот што го обработувате покрај линијата на засекот и
покрај ивицата на делот што го обработувате на двете
страни на дискот.
uКористете дополнителни мерки за претпазливост
кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови
или други слепи површини. Климав диск може да
пресече цевки за гас или вода, електрични жици или
предмети кои може да предизвикаат одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за
шмирглање
uНе користете преголема шмиргла. Следете ги
упатствата на производителите, кога бирате
шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат
подлогата за шмирглање претставуваат опасност и
може да предизвикаат закачување, кинење на дискот
или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
uВнимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
uАко се препорачува користење на заштита за
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
uДеблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за груба обработка на
метални, камени и керамички материјали и за дупчење на
плочки.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заедно со заштитата за рацете (опрема) електричниот
алат може да се користи за четкање и брусење со
еластични брусни дискови.
Електричниот алат е наменет само за обработка на суви
материјали.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(4) Вртливо копче за подесување на бројот на вртежи
(GWS 7-115 E | GWS 7-125 S)
(5) Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
(6) Завртка за фиксирање на заштитниот капак
(7) Заштитен капак за брусење
(8) Заштитен капак за сечењеa)
(9) Приклучна прирабница со O-прстен
(10) Брусна плоча/диск за сечењеa)
(11) Лончеста плоча од тврд металa)
(12) Затезна навртка
Bosch Power Tools 1 609 92A 6KJ | (28.05.2021)
Добавить комментарий