
222 | Македонски
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и
четкање на метални и камени материјали без употреба на
вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(4) Вретено за брусење
(5) Заштитна хауба за брусење
(6) Завртка за фиксирање на заштитната хауба
(7) Приклучна прирабница со O-прстен
(8) Брусна плочаa)
(9) Затезна навртка
(10) Клуч со два отвори за затезна наврткаa)
(11) Брзозатезна навртка a)
(12) Лончеста плоча од тврд металa)
(13) Заштитна хауба за сечењеa)
(14) Диск за сечењеa)
(15) Заштита за рацетеa)
(16) Дистанцериa)
(17) Гумен брусен дискa)
(18) Брусен листa)
(19) Тркалезна наврткаa)
(20) Лончеста четкаa)
(21) Хауба за вшмукување за сечење со лизгачки
водилкиa)
(22) Дијамантски диск за сечењеa)
(23) Рачка (изолирана површина на рачката)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Аголна брусилка GWS22-180 H GWS22-180 JH GWS22-230 H GWS22-230 JH
Број на дел/артикл 3601H81L.. 3601H81M.. 3601H82L.. 3601H82M..
Номинална јачина W 2200 2200 2200 2200
Излезна моќност W 1500 1500 1500 1500
Номинален број на вртежи min–1 8500 8500 6500 6500
Макс. дијаметар на брусната плоча mm 180 180 230 230
Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 M 14 M 14
Макс. должина на навојот за
вретеното за брусење mm 25 25 25 25
Заштита од рестартирање – ● – ●
Ограничување на стартната струја – ● – ●
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
– Со дополнителна рачка за
придушување на вибрациите kg 5,1 5,1 5,3 5,3
– Со стандардна дополнителна
рачка kg 5,0 5,0 5,2 5,2
Класа на заштита / II / II / II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во
зависност од изведбата во односната земја.
Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е предмет на условно поврзување. Апаратот може да предизвика
повремени флуктуации на напонот во неповолни услови за напојување. Импедансата на овој апарат е означена со
1 609 92A 6K8 | (03.12.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий