
Македонски | 95
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и
одвртување на завртки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Бит за одвртувачa)
(2) Гранична чаура
(3) Чаура за подесување на граничникот за
завртување/одвртување
(4) Граничник за завртување/одвртување
(5) Стега за прицврстување појас
(6) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(7) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
(10) Универзален држач за битовиa)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Одвртувач GTB 650
Број на дел/артикл 3601DA20..
Номинална јачина W 650
Број на вртежи во празен
од min-1 0–5000
Број на вртежи во празен
од (240V) min-1 0–5200
Прифат на алатот ¼" завртка со
внатрешна
шестаголна глава
Макс. завртување-Ø mm 6
Одвртувач GTB 650
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,4
Класа на заштита /II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-2.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 84dB(A);
ниво на звучна јачина 95dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841-2-2:
Завртки: ah <2,5 m/s2, K=1,5 m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Промена на алат (видисликаA)
Повлечете го граничникот за завртување/одвртување(4)
нанапред. Извадете го битот за завртување(1). По
потреба може да го извадите и универзалниот држач за
битови(10) и да го замените.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7XH | (15.11.2022)
Добавить комментарий