
Македонски | 135
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
uПри ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечило за пила (види сликаA)
uИсчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го сечилото за пила (8) со запците во правец на
резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила
(11). SDS-рачката (12) автоматски скокнува наназад и
сечилото за пила се деблокира. Не го притискајте рачката
(12) со раката наназад, инаку можете да го оштетите
електричниот алат.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (7).
uПроверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечило за пила (види сликаB)
uПри вадењето на сечилото за пила држете го
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја SDS-рачката (12) нанапред до крај во правец
на заштитата од допир (9). Сечилото за пила ќе се
отпушти и ќе се исфрли.
Заштита од кинење (види сликаC)
Заштитата од кинење (13) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(5) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (13) од долу на
основната плоча (5) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (6) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво0 нема осцилации
НивоI мали осцилации
НивоII средни осцилации
НивоIII големи осцилации
Bosch Power Tools 1 609 92A 863 | (21.11.2022)
Добавить комментарий