
112 | Македонски
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување(6) нагоре (I), додека не се блокира.
– За да го исклучите електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(6) надолу
(0) и отпуштете го.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Константната електроника ја одржува конзистентноста на
бројот на вртежи и удари помеѓу празниот од и работење
со оптоварување.
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на вртежи и удари за работење во
согласност со материјалот.
Изберете го бројот на вртежи со копчето за
подесување(7) соодветно на материјалот.
При вметнување на струјниот приклучок во
приклучницата или по прекин на напојувањето со струја
електрониката за регулација автоматски го поставува
највисокиот број на вртежи и удари. Ова спречува да не
работи со оптимална јачина поради ниското претходно
поставување на копчето за подесување(7).
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Примена Позиција
на копчето
за
подесувањ
е(7)
Обработување на малтер/лесни градежни
материјали
Вадење плочки
Обработка на цигли
Обработка на бетон
Промена на позицијата за длетување (Vario Lock)
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Притиснете го прстенот за подесување на длетото (3)
нанапред и со помош на прстенот за подесување (3)
свртете го длетото во саканата позиција.
– Отпуштете го прстенот за подесување на длетото (3) и
вртете го длетото додека не се вклопи.
Совети при работењето
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
uНе го употребувајте електричниот апарат, доколку
е оштетен елементот за придушување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат се подмачкува со маст и веднаш е
подготвен за употреба.
Менувањето на маста за подмачкување е потребно само
во рамки на одржување или поправка од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични
апарати. Притоа неопходно е да се употребува маст за
подмачкување од Bosch.
При секое менување на карбонските четки потребно е
менување на маста за подмачкување. Пред да се нанесе
ново масло, мора да се отстрани старото масло.
Приказ за сервис
Откако ќе се искористат карбонските четки,
електричниот алат сам се исклучува. Ова се прикажува
околу 8часа однапред со светнување или трепкање на
приказот за сервис(8).
Електричниот алат мора да се испрати во сервисната
служба за одржување. Адреси: (види „Сервисна служба и
совети при користење“, Страница112)
Приказ Stand-by
При вметнат струен приклучок и присутен струен напон
приказот за сервис мора да светнува(9).
Ако електричниот алат не може да се вклучи со приказ за
сервис кој свети(9) мора да се испрати во сервисната
служба. Адреси: (види „Сервисна служба и совети при
користење“, Страница112)
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
1 609 92A 744 | (07.11.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий