
116 | Македонски
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за чекани
Безбедносни упатства за сите типови работа
uНосете штитници за уши. Изложеноста на бучава
може да предизвика губење на слухот.
uКористете дополнителни рачки, доколку се
испорачани со алатот. Губење на контрола може да
предизвика телесни повреди.
uДржете го електричниот алат за изолираната
површина додека сечете, за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
Дополнителни безбедносни напомени
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uКратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
uБидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за тешки работи кои
вклучуваат длетување и кршење како и соодветна
опрема за втиснување и компресирање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Рачка (изолирана површина на рачката)
1 609 92A 7U5 | (19.01.2023) Bosch Power Tools
Добавить комментарий