
154 | Македонски
преку дискот за полирање(13) и затегнете ја врвцата за
затегнување.
Сунѓер за полирање
Затегнете го сунѓерот за полирање(16) на брусното
вретено(6). Преку сунѓерот за полирање(16) може да
се навлече хаубата од јагнешко крзно(17).
Гумен диск за брусење
Ставете го гумениот брусен диск (18) на брусното
вретено (6).
Навртете ја тркалезната навртка (14) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Цврсто притиснете го брусниот лист (19) на долната
страна на гумениот брусен диск (18).
Диск за полирање од филц
Затегнете го дискот за полирање од филц(20) на
брусното вретено(6).
Лончеста четка/плочеста четка
Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на
вретеното за брусење додека цврсто не налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја
лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min-1] одн. периферната
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн.
периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
макс. [mm] [mm]
D b d [min–1] [m/s]
180 – – 3000 80
100 30 M 14 3000 45
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) нанапред и потоа држете го.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) турнете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) понапред.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа
отпуштете го.
uПред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Претходно избирање на број на вртежи
Со вртливото копче на бројот на вртежи(4) може да го
изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи
зависи од материјалот и работните услови и може да се
одреди при практична примена.
1 609 92A 6KA | (15.07.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий