
152 | Македонски
uОбрнете посебно внимание при изработка на агли,
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
uНе поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање
на дрво или пила со запци. Овие сечила
предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за
шмирглање
uНе користете преголема шмиргла. Следете ги
упатствата на производителите, кога бирате
шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат
подлогата за шмирглање претставуваат опасност и
може да предизвикаат закачување, кинење на дискот
или одбивање.
Безбедносни предупредувања специфични за
полирање
uНе дозволувајте заштитниот дел за полирање или
приклучните жици слободно да се вртат. Извлечете
ги или скратете ги олабавените приклучни жици.
Олабавените приклучни жици што се вртат може да се
заплеткаат во вашите прсти или да се закачат на делот
што го обработувате.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
uВнимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
uАко се препорачува користење на заштита за
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uДеблокирајте го прекинувачот за вклучување/
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот апарат е наменет за полирање и четкање на
метални и лакирани површини и камени материјали и
брусење на камен без употреба на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Завртка за прицврстување на свитканата рачка
(2) Свиткана рачка (изолирана површина на рачката)
(3) Копче за блокирање на вретеното
(4) Копче за контрола на бројот на вртежи
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(6) Брусно вретено
(7) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)a)
(8) Стезна заврткаa)
(9) Стезна прирабницаa)
(10) Мек диск за полирањеa)
(11) Затезна наврткаa)
(12) Дистанцериa)
(13) Диск за полирањеa)
(14) Тркалезна наврткаa)
(15) Хауба од јагнешко крзно за диск за полирањеa)
(16) Сунѓер за полирањеa)
(17) Хауба од јагнешко крзно за сунѓер за полирањеa)
(18) Гумен брусен дискa)
(19) Брусно сечилоa)
(20) Диск за полирање од филцa)
(21) Лончеста четкаa)
1 609 92A 6KA | (15.07.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий