
Македонски | 155
(1) Затезна навртка
(2) Отворен заштитен капак со завртка за подесување
(3) Брусно вретено
(4) Приклучна прирабница
(5) Површина за држење (грло на вретено)
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Брзозатезна навртка a)
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Завртка за фиксирање на заштитниот капак
(10) Клин за придржување
(11) Клуч со два отвори за затезната навртка
(12) Ознака на индексот
(13) Сигурносен прстен
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Рамна брусилка GGS 8 SH
Број на дел 3 601 B14 3..
Номинална јачина W 1200
Излезна моќност W 700
Проценка на број на вртежиA) min–1 7640
Навој на вретеното за
брусење M14
макс. должина на вретеното mm 31
Прифат на алатот mm 20
макс. дебелина на брусна
плоча mm 32
макс. дијаметар на брусни
тела mm 125
макс. дијаметар на лончести
четки mm 100
Тежина согласно EPTA-Proce-
dure 01:2014 kg 4,4
Заштита од рестартирање ●
Класа на заштита / II
A) Номинален број на вртежи во празен од според
ENIEC62841-2-3 за избор на соодветни алати за
вметнување. Актуелниот број на вртежи во празен од е
помал од безбедносни причини и поради производните
толеранции.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноENIEC62841-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок90dB(A);
ниво на звучна јачина98dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соENIEC62841-2-3:
Брусење на површини (груба обработка):
ah=3,0m/s2 K=1,5m/s2
Брусењето тенки лимови или други материјали со мала вибрација
со голема површина може да резултира со зголемена вредност за
емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони
подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава.
Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при
проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изборот на
соодветна заштита за слухот.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да
се активира заштитата од рестартирање и електричниот
алат да не стартува со работа и покрај активираниот
прекинувач за вклучување/исклучување (6).
Прекинувачот за вклучување/исклучување (6) ставете го
во исклучена позиција и одново вклучете го
електричниот алат.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7AM | (24.05.2022)
Добавить комментарий