
152 | Македонски
uНе ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
uОблечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
uНе дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
uНе користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
uИсклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
uЧувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
uОдржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
uОстрете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
uЕлектричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за рамни брусилки
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење или жичано четкање:
uОвој електричен алат е наменет да функционира
како алат за брусење или жичано четкање.
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања,
упатства, илустрации и спецификации приложени
со овој електричен алат. Грешките настанати како
резултат на непридржување до сите инструкции
приложени подолу може да предизвикаат струен удар,
пожар и/или тешки повреди.
uЗадачи како на пр. шмирглање, полирање,
дупчење или сечење не се препорачува да се
вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не
е наменет електричниот алат може да предизвикаат
опасност и лична повреда.
uНе ракувајте со електричниот алат на несоодветен
начин што не е препорачан од производителот. Тоа
може да предизвика да изгубите контрола и сериозно
да се повредите.
uНе користете дополнителна опрема која не е
специјално дизајнирана и не е препорачана од
производителот на алатот. Само затоа што
дополнителната опрема може да се вгради во вашиот
електричен алат, не значи дека може да се обезбеди
безбедно работење.
uУтврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
uНадворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат. Дополнителна
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
uДимензиите на додатоците за прицврстување мора
да се совпаѓаат со димензиите на делот што треба
да се прицврсти на електричниот алат.
Дополнителната опрема која не е соодветна на
хардверот на електричниот алат не може да одржува
1 609 92A 7AM | (24.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий