
Македонски | 109
–Десен тек:
Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (7) до крај надесно.
–Лев тек:
Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (7) до крај налево.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За исклучување, отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Бирање на бројот на вртежи
Со вртливото копче за претходно бирање на бројот на
вртежи (6) можете претходно да го изберете потребниот
број на вртежи дури и за време на работата.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 3–5 секунди. По овој период,
затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Притоа осетно се загрева куќиштето на погонот.
Напомена: Последиците од прекумерно загревање се
висока изабеност на сите делови на ударниот механизам
и потреба од голема количина на средство за
подмачкување.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
– Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
–Цврсто лежиште при навртување метал на метал со
користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари ѝ штети на машината.
–Лежиште со пружина при навртување метал на метал,
при користење на прстенести пружини, подлошки,
болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како
и при користење на продолжетоци.
–Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво
или при користење на оловни или фибер дискови како
подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште
максималниот вртежен момент на прицврстување е
помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно
значително подолго време на удари.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број
на триења μвк.=0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Класи на цврстина
според DIN 267 Стандардни завртки Завртки со висока
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M6 2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2
M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39
M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78
M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215
M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330
M18 75 101 126 135 151 168 202 227 270 380 450
Bosch Power Tools 1 609 92A 4PT | (26.10.2018)
Добавить комментарий