Bosch GDS 18 E

Данная инструкция на русском языке предназначена для гайковерта Bosch GDS 18 E, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для гайковерта представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
108 | Македонски
Технички податоци
Ударен одвртувач GDS 18 E
Број на дел/артикл 3 601 D44 0..
Номинална јачина W 500
Излезна моќност W 270
Број на вртежи во празен
од min-1 800–1900
Број на удари min-1 1000–2600
макс. вртежен момент при
завртување во цврсти/меки
материјали според
ISO5393
Nm 70–250/
50–160
Десен/лев тек
Завртки-Ø M6 – M18
Прифат на алатот ½"
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014 kg 3,2
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN62841-2-2.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 100dB(A);
ниво на звучна јачина 111dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN62841-2-2:
Затегнување на завртки и навртки со максимална
дозволена големина: ah=12,5 m/s2, K=1,5 m/s2,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Промена на алат
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПри ставањето на алатот за вметнување,
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Поставете го алатот за вметнување (1) на
четириаголниот прифат за алат (2).
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (2) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на завртките и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на завртки и
навртки, оваа постапка тече по обратен редослед.
Не е возможно преоптоварување на моторот, бидејќи
ударниот механизам ја отпушта спојката при
постигнување на номиналниот товар.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Подесување на правецот на вртење (види слика A)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е
возможно.
1 609 92A 4PT | (26.10.2018) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 31
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Гайковерты Bosch