
136 | Македонски
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
– Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
–Цврсто лежиште при навртување метал на метал со
користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари ѝ штети на машината.
–Лежиште со пружина при навртување метал на метал,
при користење на прстенести пружини, подлошки,
болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како
и при користење на продолжетоци.
–Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво
или при користење на оловни или фибер дискови како
подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште
максималниот вртежен момент на прицврстување е
помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно
значително подолго време на удари.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број
на триења μвк.=0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Класи на цврстина
според DIN 267 Стандардни завртки Завртки со висока
отпорност
3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9
M6 2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2
M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39
M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78
M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти
материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на
завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
1 609 92A 7X0 | (14.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий