
134 | Македонски
(11) Универзален држач за битовиa)
(12) Бит за одвртувачa)
(13) Битови за одвртувач за топчест затворачa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски ударен
одвртувач GDR 12V-105
Број на дел 3601JA69..
Номинален напон V= 12
Број на вртежи во празен
од min–1 0–2 600
Број на удари min–1 3 100
Машински завртки-Ø mm M4–M12
Макс. завртување-Ø mm 8
Прифат на алатот ¼" завртка со
внатрешна
шестаголна глава
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,0–1,2
Препорачана околна
температура при полнење °C 0...+35
Дозволена околна
температура при
работењеA) и при
складирање
°C –20...+50
Препорачани
акумулаторски батерии GBA 12V...
Препорачани полначи GAL 12...
GAX 18...
A) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-2.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 87dB(A);
ниво на звучна јачина 98dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841-2-2:
Затегнување на завртки и навртки со максимална
дозволена големина: ah=9 m/s2, K=1,5 m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
uКористете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
uПо автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата (види сликаA)
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчето за
отклучување (5) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
1 609 92A 7X0 | (14.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий