
138 | Македонски
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uКратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
uАлатот за вметнување може да се заглави за време
на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
uБидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто
така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчењеa)
(2) SDSplus-заменлива глава за дупчење
(3) Прифат на алат SDS-plus
(4) Капак за заштита од прав
(5) Чаура за заклучување
(6) Прстен за заклучување на заменливата глава за
дупчење
(7) Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(8) Амортизација на вибрациите
(9) Прекинувач за вклучување/исклучување
(10) Прекинувач за менување на правецот на
вртење
(11) Копче за подесување на граничникот за
длабочина
(12) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(13) Граничник за длабочина
(14) Рачка (изолирана површина на рачката)
(15) Предна чаура за брзозатегнувачката заменлива
глава за дупчењеa)
(16) Затезен прстен за брзозатегнувачката
заменлива глава за дупчењеa)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Чекани за дупчење GBH 4-32 DFR
Број на дел 3611C321..
Номинална јачина W 900
Број на вртежи min–1 0–780
Број на удари min–1 0–3600
Јачина на поединечен удар
согласно EPTA-Proce-
dure05:2016
J 4,2
Прифат на алатот SDS-plus
Позиции на длетото 12
Макс. дијаметар на дупката
– Бетон (со спирална
бургија) mm 32
– Ѕидни конструкции (со
шуплива крунеста
бургија)
mm 90
– Челик mm 13
– Дрво mm 32
Тежина согласно EPTA-Pro-
cedure 01:2014 kg 4,7
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно ENIEC62841-2-6.
1 609 92A 8AA | (20.09.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий