
Македонски | 171
Чекани за дупчење GBH3-28DRE GBH3-28DFR
GBH3000
Класа на заштита / II / II
A) Не е наменето со шуплива крунеста бургија
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
GBH3-28DRE GBH3-28DFR
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува:
Ниво на звучен притисок dB(A) 91 91
Ниво на звучна јачина dB(A) 102 102
НесигурностK dB 3 3
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841-2-6:
Ударно дупчење во бетон:
ahm/s214,5 11,8
K m/s21,5 1,5
Длетување:
ahm/s29,7 10,0
K m/s21,5 1,5
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
uКористете го Вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (12).
uОсигурајте се дека дополнителната рачка е
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (12) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (12)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (12) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(12) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
Bosch Power Tools 1 609 92A 80Z | (04.07.2022)
Добавить комментарий