
Македонски | 227
Функции на поврзување
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY42 модулот
на располагање ги имате следните Connectivity-функции
за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Приказот за паметен телефон свети, ако електричниот
алат има испратено информација на мобилен уред (напр.
предупредување за температура) со помош на Bluetooth®
радио технологијата.
Совети при работењето
uЕлектричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy
модул GCY42 е опремен со далечински интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
uВо предели каде Bluetooth®-радио технологијата не
смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth®
Low Energy модулот GCY42 и копчестата батерија.
Напомена: Капачето (15) може да се затвори само кога
Bluetooth® Low Energy Module GCY42 и копчестата
батерија се наоѓаат во електричниот алат.
– За деактивирање на Bluetooth® Low Energy Module
GCY42 свртете ја копчестата батерија или ставете
изолација помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low
Energy Module GCY42.
– Затворете го капачето (15), за да спречите влегување
нечистотија.
Спојка за заштита од преоптоварување
uДоколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
uИсклучете го електричниот алат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на
електричниот алат и со тоа ја зголемува
заштитата при користење, во споредба
со електричните алати без KickBack
Control. При ненадејна и непредвидена
ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува, а
приказот Брзо исклучување(17) свети
во црвена боја и работната
светилка(10) трепка. При активирано
брзо исклучување приказот
Статус(20) трепка црвено.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и
одново притиснете го.
Electronic Precision Control (EPC)
EPC ви помага при дупчење и работење со удари во
чувствителни материјали со постепено зголемување на
бројот на работни вртежи за прецизна работа.
Електронска контрола на бројот на вртежи (Adaptive
Speed Control) во режимот на работа „длетување“
За подобра контрола и прецизно
поставување, електричниот алат
започнува со мал број на вртежи и
потоа се зголемува до поставениот
број на вртежи.
Електронската контрола на бројот на
вртежи автоматски се активира при
поставување на електричниот алат.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
uНе го употребувајте електричниот апарат, доколку
е оштетен елементот за придушување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7MR | (09.11.2022)
Добавить комментарий